Македонска Каменица, 08.02.2019 година – До нашата редакција пристигна Известување од ЈП Камена Река – Македонска Каменица, во кое граѓаните се известуваат за распоредот за перење на улици во градот. При тоа Јавносто претпријатие ги замолува граѓаните во склад со објавениот распоред, да ги отстранат моторните возила и градежен материјал од улиците со цел да не дојде до оштетување на истите. Како што се наведува во текстот, ЈП Камена Река нема да ги покрива несаканите штети настанати при чистењето на улиците.
Известувањето можете во целост да го проследите на фотографијата во продолжение:

