Народот бил навреден од тоа што пред неколку денови незаконската управа по инструкции на отец Миле Талески ги променила бравите на црквата, биле извадени камерите поставени од законската управа и поставила свои, со свои телохранители.
Се јавило незадоволство и затоа што Миле Талески не можел да ја врати тапијата од црквата во банка како и од дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеникот Јовица Симоновски.
Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководството на Митрополитот Петар.
Првично вниманието во привлекоја за Водици , кога верниците и свештеникот утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ и наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот.
