Македонска Каменица, 15.01.2019 година – Вандалството повторно резултираше со уништување на новопоставената урбана опрема во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Овој пат како мета на вандалите се најдоа поголем број од неодамна новопоставени улични светилки на оградата од училишниот двор на СОУ “Миле Јаневски Џингар”. Утрово осамнаа превртени над десетина контејнери за ѓубре, како и поголем број на уништени корпи за отпадоци.
Ова не е прв случај да се уништува урбана опрема во Македонска Каменица. Изминатите месеци во неколу наврати беше уништен значителен дел од урбаната опрема на градскиот базен, поголем број на клупи, канделабри, сообраќајни знаци, како и искорнати и уништени садници о централното градско подрачје на Македонска Каменица и кејот на Каменичка Река.
Од Општината и ЈП „Камена Река“ кое е задолжено за одржување на урбаната опрема во Македонска Каменица, уште еднаш апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон заедничкиот имот во градот. Се надеваат дека граѓаните ќе престанат со уништување на поставената урбана опрема, бидејќи санирањето на штетите е дополнителното оптеретување на буџетот на граѓаните.

