Ако е потребна гаранција за успешен реферндум, не е исклучено сценариото за можни предвремени паралментарни избори. Премерот Заев вели дека во игра се сите опции, но сака да верува дека референдумот за името ќе успее.
„Ако ова го гарантира успешниот референдумски процес граѓаните ќе си кажат. Ако успее процесот да го постигнеме цензусот да ги мотивираме граѓаните да излезат за вакво историско прашање, сите опции се отворени.“ – изјави Зоран Заев.

Со денови заседаваат работните групи за формирање на Државната изборна комисија, клучна за спроевдување на референдумот. Партиски договор нема, и доколку тоа не се случи, според Заев можна е и лидерска средба. Лидерската беше најавена по бриселскиот самит, а на неа, според најавите треба да биде и прашањето за референдум, конструкцијата и дилемата за тоа дали ќе биде консултативен или задолжителен.
Ова се случува во предворје на денешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан. Со неговото доаѓање, Македонија и официјално го започнува скрининг процесот кој е претходница на почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.

Според агендата, Хан во текот на утрешниот ден ќе има средба со премиерот Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Инаку, скринигот подразбира дека Европската комисија ќе подготви распоред за поглавјата кои ќе се отвораат, а институции треба да ги обезбедат бараните податоци. Според неодамнешната изјава на еврокомесарот, скринингот е подолг процес, треба да се подготват сите 35 поглавја кои ги покриваат пристапните преговори, и како што рече, клучно е тоа да се направи за една година.
