Во вторник на 06. Јуни ќе се одржи рударско народниот собир во село Саса 1

Македонска Каменица, Јуни 2023 – Во рамки на честувањето на христијанскиот празник Св. Троица, на 06. Јуни 2023 година, во Долна Саса ќе се одржи традиционалниот рударско народен собир. По тој повод, од месната заедница во Долна Саса упатуваат покана за присуство до сите рудари и граѓани на Македонска Каменица и регионот.

Народната веселба започнува напладне, со пригодна музичка програма во исполнение на Модерато Бенд од Македонска Каменица. Благословувањето на ручекот за здравје и светата литургија започнуваат во 15:00 часот. Делењето на благословениот ручек за здравје ќе биде со почеток од 16:00 часот.

Во име на месната заедница на Долна Саса, претседателот Душко Атанасовски упатува повик за пријавување на доброволци кои би помогнале околу поставувањето на трпезните маси и столови, како и на останатиот инвентар потребен за успешна организација на овој се помасовен настан во село Саса.

За многу години празникот браќа и сестри христијани!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *