ФК “ОСОГОВО” СО СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ПО ОСТАВКАТА НА ЦЕЛОКУПНОТО РАКОВОДСТВО НА КЛУБОТ

Фан страната на ФК „Осогово“ излезе со Соопштение кое го пренесуваме во целост.

По оставката на досегашната управа, клубот го превзема АД ХОК тело .

  1. Целите на ова телот ќе бидат:
    – Ревизија на досегашната работа
    – Консолидација на сениорскиот тим
    – Реорганизација на младинските школи
    -Изработување на финансиски план за 2018 година
    -Приведување на полусезоната
    -Организирање на годишно собрание (нешто кое не е направено повеќе од три години)
  2. Назначен е нов стручен штаб во кој членуваат:
    – Крсте Крстев како главен тренер кој има УЕФА А лиценца
    – Александар Андов како тренер на голманите кој има УЕФА Б лиценца
    -Дејан Манчовски како помошник на главниот тренер кој има УЕФА Ц лиценца
    – Стефанчо Цветанов како тренер на младите категории кој има УЕФА Б лиценца

*Досегашниот стручен штаб во комплетен состав си поднесе оставка

Сите играчи беа информирани и повикани по што денес (Среда)  Ад Хок телото кое брои 9 (девет) членови на стадионот „Никола Мантов“ ги запозна играчите со моменталната состојба, по што беше одржан првиот тренинг.

Од сега веќе поранешната управа на средбата присуствувал и досегашниот Претседател Бранко Богатинов со кој е договорено за утре (Четврток) да се изврши промената во Централниот Регистар.

Ад Хок телото ќе работи до завршувањето на есенскиот дел од првенството по што ќе биде закажано Собрание.

Извор: веб-портал Комарец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *