Author: Media Point
Шест лица загинаа во три одделни сообраќахни несреќи што синоќа се случија во источниот регион, во Кочани, Делчево и Виница. Три од жртвите се млади кочанци на возраст меѓу 25 и 30 години кои починаа на лице место во близина на с. Чифлик, при директен судир со автобус. Глетката на местото на несреќата била страотна, а делови од телата буквално биле насекаде по асфалтот, тврдат очевидци. Од останатите двајца сопатници во автомобилот, еден во тешка состојба е префрлен во Скопје,а еден поминал без повреди. Маж навозраст од 70 години и жена од Дечрво се жртви на веримен судир на влезот…
Огромен пожар во непосредна близина на село Истибања. Гори ниска шума од околните блиски ридови и дел од имотите во атарот на селото. Иако пожарот трае од пладневните часови на вчерашниот ден, па се до сега, истиот не е локализиран. Екипите се на терен, но заради непристапниот предел, гаснењето на пожарот е отежнато, скоро ѐ и невозможно на поедини делови. Сеуште се утврдуваат причините за настанувањето на пожарот како и штетите од истиот. Загрозените жители на селото ги чека долга и будна ноќ во борбата против огнената стихија. Фото: Драган Костовски Во текот на утрешниот ден ќе споделиме нови информации,…
Најновиот тренд „океанска коса“ станува се попопуларен и ги освои жените. Фризерите ги користат сите бои на океанот, со цел да постигнат совршена комбинација од сини нијанси на косите од своите клиенти. „Океанската коса“ изгледа импресивно. Стилистите и експертите за коса користат различни тонови на сина боја – кобалтни, тиркизни, а понекогаш и зелена поради постигнување длабочина и димензии кои потсетуваат на морските бранови. Со такви разновидни бои, процесот на фарбање воопшто не е едноставен. Фризерот Британи Холанд од Калифорнија тврди дека процесот на фарбање трае околу четири часа. Според друга фризерка Касеи О’Хара од Роквил, најголемата предност на „океанската…
08. Јули 2017г |kamenica.mk Македонска Каменица Клубскиот ракомет како спорт е игра на која ние денес во Каменица, за жал само се сеќаваме. На фотографијата подолу се наоѓаат едни од најзвучните имиња кои го одбележаа повеќе децениското постоење на ракометот во Каменица. Легенди што оставија свој траг во спортот воопшто. Екипата на РК Цинкара во Македонска Каменица, постоеше во текот на 80-ите години. Составена од волонтери и вљубеници во ракометот, од легенди и основоположници на каменичкиот спортски дух и школо. Дали сите што се на фотографијата можеме да ги препознаеме? (се извинуваме за лошиот квалитет на фотографијата) Фото: Драги В’к…
На улица во Хамбург е збирштина од “анти сè”, внатре на безбедно и под клима е збирштина од “како да направиме пари од сè”. Темите и надвор и внатре се стандардни и веќе традиционални за овој настан. Разликата е што годинава баш на Хамбург му се падна да биде домаќин на сето ова. Протестите почнаа уште пред во Хамбург да стигнат првите луѓе на 20-те најголеми економии во светот, и упорно ќе траат до крајот на самитоо. Видеата се од луѓе на улица и по балкони. Од нивна гледна точка (дел од) протестите изгледаат вака:
Никој не го мери ризикот кога овие луди момци сакаат да се разладат со лубеница на врелите летни температури… Извор: Мотика
15-годишник од кочанско Оризари го претепал својот татко. Доби кривична пријава за семејно насилство
07.07.2017 Случај на семејно насилство регистрирала охридската полицијата, во кој малолетен син од Кочанско го претепал својот татко. Од увидот што го направиле полициските службеници е констатирано дека има доволно основи за да биде поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда. Според информациите од СВР инцидентот се случил минатиот месец во стан во Охрид каде пријавеното лице заедно со својот родител имало привремен престој. Од полицијата велат дека 15-годишниот малолетник од кочанската населба Оризари, на 9 јуни годинава околу 19,50часот започнал вербална расправија со татка си. Во еден момент тој му се нафрлил и започнал да го удира со цврст предмет.…
Доколку планирате патување во странство со автомобил, нема да ви бидат доволни пасошите и финансиските средства со резервациите. За тоа ќе ви бидат потребни повеќе документи, опрема и дозволи, во зависност од земјата. Кога станува збор за балканските земји и за другите популарни дестинации за Македонците, речиси секаде важат генералните правила: забранета употреба на мобилен телефон при возење, минимално дозволено количество алкохол и соодветна опрема за возилото, стои на официјалната страница на АМСМ. Доколку се патува со дете, имајте предвид дека во повеќето земји е потребно детско седиште за мали деца. Потоа, за македонските државјани што патуваат во странство се потребни…
Колку време треба да си во брак за да наследиш пензија од сопружникот? Одговара Оливер Митев од Центарот за правни истражувања и анализи.
https://m.youtube.com/watch?v=p0-fm8cNIJA&sns=fb Мотел ресторан „Парк Панорама“ се наоѓа на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица (на 7км од Делчево). Овде можете да уживате во вкусната храна, неверојатниот амбиент, прекрасната музика и живописната природа. „Парк Панорама“ е место за сите генерации, а за забавите од секое неделно попладне се задолжени “Респекти Бенд”. Телефон за резервации: 071 940 302. Проверете! Посетете го „Парк Панорама“ и бидете дел од прекрасните забави во текот на целиот летен период!
