Author: Media Point

За осум месеци во Македонија во сообраќајни несреќи загинало 91 лице. Според статистиките на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за време на продолжените викенди, како што е овој,  бројот на несреќи е зголемен. „Септември е период во годината кој е соодветен за организирање на продолжен одмор или пократко патување во земјата или соседството. Карактеристично за секој продолжен викенд е зголемениот интензитет на сообраќај и поголемата фреквенција на автомобили, а тоа во комбинација со неодгoворното учество во сообраќајот може да доведе до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди и зголемување на бројот на загинати и повредени лица во…

ПОВЕЌЕ ...

Тринаесет години заробени во сопсвениот дом. Вака живеат две сестри на возраст од околу четириесетина година во стан на улицата Димче Лахчански во Битола, кои мајката, по смртта на таткото во 2004 година, ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет, објави Телма. Мајката и ќерките живеат од скромна пензија, но со исклучена струја, често гладни и жедни. Од здрави, прави и високообразовани личности, двете сестри сега се оболени, приковани за кревет, живеат во нехигиенски услови, со рани по целото тело, а од станот се слушаат лелеци. Веќе утре следува целосна сторија за состојбата на ова семејство од Битола.

ПОВЕЌЕ ...

Двесетина планинари од ПСД „Голак“ од Делчево и планинари од соседна Бугарија  за прв пат орагнизирано го искачија врвот на Малешевските Планини, Илијов врв, висок 1803 метри. Почетната точка ни беше локалитетот Равна Река кај Пехчево 1100 метри се до крајната цел. Испешачивме 16 км по двата правци за 6 часа со висинска разлика од 700 метри, изјави Љупчо Чучуковски, ПСД „Голак“- Делчево. Традиционално овој период, делчевските планинари го искачуваат највисокиот врв во Макеоднија, Кораб, но оваа година тие сакаат да ги промовираат Малешевските Планини како иделана дестинација за љубителите на планината. Сакавме да го искачиме Илиов врв многу малку…

ПОВЕЌЕ ...

Четириесет и едногодишниот скопјанец И.Т. синоќа со нож го убил својот татко во нивниот дом во населбата Црниче. Полицијата била повикана од нивна сосетка на улицата Чедомир Кантарџиев во Скопје, која пријавила дека соседите се тепаат. Кога пристигнале полицајците, на прагот на дневната соба го пронашле избоден Љ.Т. (68), а лекарот од Итна медицинска помош констатирал смрт. Како што соопшти СВР Скопје, сопругата на Љ.Т. изјавила дека додека со сопругот седеле во дневната соба, дошол нивниот син, ја откорнал влезната врата и влегол внатре, по што ја избркал од собата. Потоа почнал да го влече татко си и во…

ПОВЕЌЕ ...

7 септември 2017 Успех на референдумот за независност, надеж за подобро утре, но и сомнеж дали Република Македонија ќе може да продолжи сама без да биде во рамките на СФРЈ, е впечатокот што се добива кога ќе се прелистаат весниците ден пред одржување на референдумот на 8 септември 1991 година. Во моменти кога беснееше воениот виор низ просторите на поранешна СФРЈ, Македонците одлучија да се одделат од поранешните републики и сами да продолжат да ја градат независна, суверена и самостојна Република Македонија. На референдумот одржан на 8 септември, 95, 26 проценти рекоа „за“ независна Македонија. Глигоров: Не верувам дека кој…

ПОВЕЌЕ ...

Сè уште има пет години, шест ќе полни во ноември. Стокмен убаво, со нови патики, фармерки и сино кошулче со подвиткани ракави, тој вчера беше на првиот училиштен час. Порталот Факултети.мк го одбележа овој голем момент во неговиот живот. -Кога учителката ќе реши да го испрашува целото одделение, првоодделенецот Јане никогаш нема да може да се спаси. Кога целото одделение ќе реши да бега од час, одлуката ќе биде само негова. Тој ќе биде единствениот претседател на одделението, благајник и дежурен ученик. Секоја недела… секој ден… цела учебна година, пишува порталот. Мајка му Сашка и татко му Зоран се двоумеле…

ПОВЕЌЕ ...

Гранка од бука “го зави“ во црно семејството на 50-годишниот Драган од Берово. Падната од неколку метри височина, таа завршила директно врз дрвосечачот, нанесувајќи му сериозни телесни повреди, од кои подоцна тој починал на пат кон најблиската лекарска ординација. Несреќата се случила денес попладне во атарот на селото Владимирово, каде Драган со уште неколкумина свои колеги, сечеле дрва.  Оваа сеча за 50-годишниот беровец беше последна. Сите напори на колегите да го вратат во живот оистанале без успешни, а екипата на Брзата помош, со која се сретнале на половина пат до градот, само ја констатирала смртта. Во тек е истрага за…

ПОВЕЌЕ ...

Преку бесплатна мобилна апликација и веб платформа во рамки на проектот „Мој пат“ сите групи учесници во сообраќајот ќе ги идентификуваат и ќе ги пријавуваат недостатоците на локалните магистрални и регионални патишта во државата. Проектот го спроведува Автомото сојузот на Македонија со поддршка на министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта. Целта е да се придонесе за квалитетна патна инфраструктура и безбеден сообраќај за сите учесници. Според министерот Сугарески, новата веб алатка ќе биде од огромно значење бидејќи ќе придонесе да се воспостави ефикасен систем за утврдување на недостатоците на патиштата и…

ПОВЕЌЕ ...

Ураганот Ирма за кој зборува целиот свет од денес се смета за ураган од 5-та категорија, а неговата брзина достигнува скоро 300 км/час. Страшната олуја е толку голема што само видео запис направен од вселената може да ја долови целокупната деструктивна моќ што тој ја носи со себе. ПРОЧИТАЈ: НАСА АЛАРМИРА: Еве што ќе се случи со земјата од 15 до 29ти!  Огромниот ураган, кој веќе се смета за најсилен досега е забележан во Атлантскиот океан изгледа навистина застраќувачки кога ќе се види од вселената. Тој изгледа како бел џиновски круг, а во моментов напредува се повеќе и повеќе и се…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево ќе го слави брендот- пијанечката слива. Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободување на Делчево и Денот на независноста , Општина Делчево ја подготвува традиционалната манифестација „Пијанечки днеови на сливата“, но и 6-то издание на меѓународниот Фестивалот за афоризам и карикатура, каде е најавено учество на еминентни афористичари и карикатуристи. Во „Пијанечките денови на сливата“ како и секоја година учество ќе земат локални бизнисмени кои се директно вклучени во производство и преработка на сливата,локалните училишта и заинетерсирани граѓани кои имаат желба со своите пориоизводи да се претатсават пред граѓаните на штандовите, изјави Тони Стоименовски, Општина Делчево. Освен ова,…

ПОВЕЌЕ ...