Рудник Саса ги поканува своите пензионирани вработени на заедничко одбележување на 60-годишнината

Почитувани пензионирани колешки и колеги,
Вашиот труд, знаење и посветеност се траен дел од историјата на Рудник Саса. Со вас се поврзани многу од неговите достигнувања, но и спомените на колегијалноста, пријателствата и заеднички совладаните предизвици.
По повод 60 години од почетокот со работа на Рудник Саса, со особено задоволство ве покануваме повторно да се сретнеме и заедно да го одбележиме овој значаен јубилеј.
- Датум: недела, 29 ноември 2026 година
- Место: влез во индустрискиот круг на Рудник Саса
- Време: од 14:30 до 16:00 часот
На средбата со сегашните и пензионираните вработени се предвидени пригодни обраќања, прикажување на јубилејно видео, фотографирање и потпишување во книгата на спомени и секако дружење со храна, безалкохолни пијалаци, топли напитоци и пригодни подароци. Тоа ќе биде можност за споделување спомени со старите колеги и да ви се заблагодариме за вашиот придонес во развојот на Саса.
Пријавување на присуството
Заради организациски потреби, ве молиме пријавете го вашето присуство на настанот најдоцна до четврток, 26 ноември 2026 година, до 16:00 часот, со испраќање СМС-порака на телефонскиот број 071 / 396 517. Пораката треба да ги содржи името и презимето на пензионираниот вработен што ќе присуствува на настанот.
За сите оние кои ќе се пријават ќе биде обезбеден автобуски превоз од автобуската станица во Македонска Каменица, со тргнување во 14:00 часот.
Напомена: Заради ваша удобност, со оглед на тоа што настанот ќе се одржи на отворено, ве молиме да носите топла облека и соодветни обувки. Дополнително, би сакале да ве информираме дека при влез во индустрискиот круг ќе се прави задолжителен алкотест, согласно политиката на Саса за нулта толеранција на алкохол
Со радост очекуваме повторно да се сретнеме. Овој јубилеј е и ваш!
Со почит,
Рудник Саса


