Три пожари во селата Аргулица, Теранци и Долни Подлог – зафатени нива со насади од лозја, помошна просторија и заеднички имот на селаните
На 19.11.2026 во 20:41 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Аргулица, Општина Карбинци, настанал пожар на дрвена настрешница од куќа, сопственост на Р.Д.(36) од селото. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 19.11.2026 во 21:21 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Теранци, Општина Чешиново-Облешево, настанал пожар на нива со насади од лозје, сопственост на В.И.(45) од селото. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 19.11.2026 во 16:14 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во место викано „Теранско поле“ во близина на с.Долни Подлог, кочанско, настанал пожар на повеќе ниви во сопственост на повеќе сопственици. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани и месното население со трактори и механизација, а повредени лица нема. Увид ќе се изврши во текот на денот.

