Македонска Каменица 16. Ноември 2026 година – Фудбалерите на Каменица Саса ја продолжија победничката серија во Третата лига – Исток.
Во натпреварот од 10. коло, одигран пред своите навивачи, Саса го совлада Хоризонт Турново со 4:1.
Домаќините уште во првото полувреме ја најавија победата. На одмор заминаа со предност од 2:0, а во продолжението ја потврдија доминацијата и заслужено ги освоија трите бода.
Двоен стрелец беше Марко Соколов, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Филип Николовски и Драган Паунов.
Со оваа победа, Саса има 19 бода и ја дели втората позиција на табелата со Огражден, со бод помалку од лидерот Победа.


