ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ
Општина Зрновци продолжува со поддршката и промоцијата на спортските успеси на своите сограѓани.
Градоначалникот Ванчо Митев денеска оствари прием и додели пофалници и финансиски награди на двајца спортисти кои го афирмираат името на општината.
Признанија добија Борче Христов, за врвни резултати во планинско трчање, меѓу кои први и трети места на трките „Чупино Треил“, „Каменица Треил“, „Охрид Ултра Треил“ и учество на Балканското првенство во Србија, и Анастасија Монева, за истакнати резултати во боди-фитнес, потврдени со две втори места на државен и меѓународен натпревар.
Врз основа на одлука на Советот, за двајцата се доделени по 6.000 денари.
Од Општината порачуваат дека нивниот труд и дисциплина се инспирација за младите и најавуваат продолжување на поддршката за секој спортски успех.

