Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот Плански Регион ја одржа својата втора седница под претседателство на градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. На седницата беа презентирани Нацрт-регионалниот план за управување со отпад од компанијата „Енвироплан“, како и информацијата за затворање на дивите депонии во регионот. Воедно, се разгледуваше напредокот за изградба на централната постројка за отпад во Свети Николе и шесте локални постројки во Берово, Македонска Каменица, Виница, Штип, Ранковце и Куманово.

Денеска се одржа и шестата редовна седница на Советот за развој на Источниот Плански Регион, каде што беа разгледани прашања од јавното здравје, животната средина и младинските политики. Во фокусот беа предлог-проектите за регионална заштита од комарци, формирање центар за бездомни кучиња и отворање Театар за деца и млади во регионот. Советот ја разгледа и иницијативата за воспоставување Регионален кариерен центар поврзан со концептот internet café.

