Амбасадорката на САД во посета на Македонска Каменица – водени разговори за поддршка во процесот на транзиција
Македонска Каменица, 20. Октомври 2026 година – Вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, денеска престојуваше во посета на Македонска Каменица.

Како што информираат од Општината, посебен акцент бил ставен на иднината на градот и поддршката што е потребна во процесот на транзиција.
Во фокусот на разговорот биле и младите, потенцијалот на дијаспората, како и природните убавини и развојните можности што ги нуди Македонска Каменица.
Градоначалничката Стаменкова, истакна дека барањето за поддршка упатено од општината до амбасадорката Варнс, ќе биде разгледано и изразува надеж дека средбата ќе биде чекор кон почеток на нови можности за соработка.
„Ваквите разговори се важни, особено кога се однесуваат на иднината на младите и создавањето нови перспективи за Македонска Каменица“, се истакнува по средбата.

