
Македонија би можела да биде еден од домаќините на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година, откако е поддржана идејата за заедничка кандидатура со Србија и Словенија.
Предлогот за организација на континенталниот шампионат е поддржана на Собранието на Српската ракометна федерација, а планот е Европското првенство да се одржи во трите земји. Според замислениот концепт, Македонија, Србија и Словенија би биле домаќини на по две групи, додека Србија би можела да го организира и завршниот викенд на турнирот.
За Македонија ова би претставувало огромна можност за организација на едно од најзначајните ракометни натпреварувања во Европа и уште една потврда за нејзината традиција и значење во европскиот ракомет.
Заедничката кандидатура сè уште треба да помине низ потребните процедури, но доколку биде прифатена, Македонија во 2034 година би можела повторно да биде во центарот на европскиот ракомет.
Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија, додека домаќини на шампионатот во 2030 година ќе бидат Чешка, Данска и Полска. За 2032 година планирано е домаќинство на Германија и Франција.
Извор: tvarenasport.mk

