Одземена бела прашкаста материја – лишени од слобода три лица кај езеро Калиманци и Истибања
Македонска Каменица – На 09.07.2026 во 22:00 часот на место викано „Препиш“ кај брана „Калиманци“, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода лицето А.И. (23) од с. Саса, Македонска Каменица.
При обид за легитимирање, лицето се обидело да избега, фрлајќи бела прашкаста материја.
Во друг случај, на 09.07.2026 во 23:55 часот на влез во с. Истибања, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л. (41), двајцата од Кочани.
При извршен преглед на патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое како сопатник бил А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, од страна на МВР ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.
