Во Македонска Каменица приведена пијана жена возач со 1,77 промили алкохол во крвта
Рано утринава во 03:33 часот, на улица „Каменичка“ во Македонска Каменица, полицијата запрела БМВ со делчевски регистарски таблички.
Зад воланот била 33-годишната Н.А. од делчевско. При контролата било утврдено дека вози со 1,77 промили алкохол во крвта.
33 годишната возачка, веднаш е приведена во Полициското одделение Македонска Каменица, а возилото е одземено. Известен е јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

