Ноќеска во 02:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.А.(30) од Делчево.
Од МВР информираат дека 30-годишниот Д.А. бил уапстен, постапувајќи по претходна пријава од неговата 23-годишна сопруга дека во семејниот дом, а подоцна и во паркот во Делчево, во неколку наврати физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет.
Според пријавеното, таа подолг временски период психички и физички била малтретирана.
По извршени проверки, било констатирано дека Д.А. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.

