Во текстилна фабрика во Делчево, вчера претпладне изби пожар, при што изгоре текстил. Како што соопшти СВР Штип, пожарот е пријавен во 12:51 часот во СВР Штип дека околу 10:25 часот настанал пожар во погон на фабрика на ул.„Индустриска“ во Делчево, при што бил опожарен текстил.
-Од вработените во фабриката и екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид, соопшти СВР Штип.

