Македонец ја убил сопругата во Италија
Тешка семејна трагедија ја потресе Пјаченца. 56-годишна жена со македонско потекло е пронајдена мртва, избодена со нож, во стан на периферијата на градот, јавуваат италијанските медиуми.
Според првичните информации, околу 15:30 часот алармот го подигнал нејзиниот сопруг, исто така Македонец. Тој телефонски признал дека ја убил сопругата, по што избегал.
На местото веднаш пристигнале карабинери, пожарникари и Итната медицинска помош. Бидејќи вратата била заклучена, пожарникарите влегле преку балкон и го пронашле безживотното тело.
Истрагата утврди повеќе убодни рани нанесени со остар предмет, како и повреди на главата. Во близина бил пронајден нож за кој се претпоставува дека е оружјето на убиството.
Осомничениот бил пронајден неколку часа подоцна на гробот на нивниот син, кој починал пред неколку години. Полицијата веднаш го привела.
Децата на семејството не биле во станот за време на настанот и се наоѓаат на безбедно место.
Истрагата за мотивите и околностите продолжува. Случајот предизвика шок и тага кај македонската заедница во Италија и меѓу жителите на Пјаченца, пренесува Радио Валандово (ТВ Стар Штип).

