Кој ќе обезбеди место во финалето? Вечерва полуфинале на турнирот „Рудник САСА 2026“
Во рамки на турнирот во мал фудбал „Рудник САСА 2026“, кој традиционално се одржува во Македонска Каменица и ги обединува вработените преку спорт и заедништво, вечерва (30 април) ќе се одиграат полуфиналните натпревари.

Натпреварите ќе се одржат во спортската сала при основното училиште во Македонска Каменица. Првиот полуфинален натпревар е закажан со почеток од 19:00 часот, на кој силите ќе ги одмерат екипите на Машинско одржување – Епирок и Хоризонт 800 – Капитални објекти. Вториот полуфинален дуел е закажан за 20:00 часот, меѓу тимовите на Технички служби и Хоризонт 910.
По едномесечни возбудливи натпревари и силна конкуренција, четирите најдобри екипи ќе се борат за пласман во финалето, ветувајќи неизвесни и атрактивни натпревари за публиката.
Организаторот, Рудник САСА, упатува покана до сите љубители на спортот да присуствуваат и да ги поддржат своите фаворити, продолжувајќи ја традицијата на заедничко навивање и спортски дух во локалната заедница

