Работна средба на директорот Горан Ангелов со македонската заедница во Трентино
Денес директорот Горан Ангелов оствари работна средба со Отец Орце Пешов, од МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ од Трентино.
Отец Пешов информираше за бројната македонска заедница во Алто Адиџе и нејзината сѐ поголема организираност.
Покрај културното друштво „Св. Кирил и Методиј“ кое годинава одбележува 10 години, лани се формира и истоимената црковна општина за духовните потреби на Македонците.
Од минатиот месец во Мерано постои и фолклорно друштво, за кое е потребна поддршка од македонските институции, особено за народни носии.
Се разгледува и можност за формирање на црковна општина во околината на Мерано. Македонската заедница е високо интегрирана и почитувана, и е дел од општествениот, културниот и економскиот живот во Алто Адиџе.


