Завршена атмосферска канализација на улица „Македонска“ – следува целосна реконструкција на коловозот
Македонска Каменица, 17. Ноември 2026 година – Продолжуваат инвестициите за подобра и побезбедна патна инфраструктура во Македонска Каменица. Завршено е поставувањето на атмосферската канализација на улица „Македонска“, со должина од 260 метри.

За реализација на атмосферската канализација, Општината од сопствениот буџет издвои 1.826.348,оо денари, со вклучен ДДВ. Претходно, на улица Македонска, во истата должина, беше изградена и фекална канализација.
Во моментов, како што истакнуваат од општината, се изработува проектната документација за следната фаза, која предвидува целосна реконструкција на коловозот, со поставување нов асфалт и изградба на тротоари. По нејзиното завршување ќе биде распишана јавна набавка за градежните активности.
Целта е улица „Македонска“ да добие современ и функционален изглед, со подобри услови за пешаците, побезбеден сообраќај и долгорочно решение за жителите, – додаваат од општина Македонска Каменица

