18.XII.2017 kamenica.mk Прв за домаќините стрелаше Ристе Наумов во 11. минута од натпреварот, а вториот гол 16 минути подоцна го постигна Ристе Темелков за 2:0. Второто полувреме помина без ниту еден гол, па натпреварот заврши со конечните 2:0. Погледнете го видеото од постигнатите погодоци на денешниот натпревар помеѓу Брегалница и Саса: https://m.youtube.com/watch?v=r_s0RMRK15k
Author: Media Point
Во делчевското село Стамер жителите ја градат првата црква. Организирани сами и со поддршка на донатори, тие успеаја да го издигнат храмот кој го посветуваат на светиот пророк Еремија, кога се слави и славата во селото. Проектот ни од владиката Иларион спрема бројот на населението така се прави и квадратурата, материјалите се донација од разни физички и правни лица, а местото, 510 квадрати, е донација од нашиот сограѓанин Игнат Николовски. Планираме да го средиме и хортикултурно, вели Зоран Димитровски, жител на село Стамер. Досега во изградбата на црквата е инвестирано 12 илјади евра. Но, според пресметките, овде е потребно уште…
18.XI.2017 kamenica.mk Што имаат заедничко војниците, детективите и кловновите убијци? Сите тие се главни ликови во најновите филмови што со нетрпение чекаме да излезат оваа есен. Но, пред да се упатите кон кино салите, ние ви препорачуваме да ги прочитате книгите на коишто се базираат овие филмови. Погледнете за кои книги и филмови станува збор… „Тоа“ (It) Иако моментално овој филм се дава во кино салите, обидете се да му одолеете на искушението и дајте ѝ шанса на книгата прво. Станува збор за роман на Стивен Кинг, напишан во 1986 година, во кој страшниот кловн тероризира група деца и ги…
18.XI.2017 kamenica.mk Заврши 13-то коло од Втората фудбалска лига. Одиграни се 4 натпревари, од кои на два славеа домаќините, еден натпревар заврши нерешено и победа однесоа гостите на еден од натпреварите. Состојбата на дното и на врвот на табелата останува непроменета. Саса и Победа од Валандово ги изгубија денешните натпревари. Саса во Штип од Брегалница прими два гола, а Победа на домашен терен прими 3, а даде само еден гол. Така и двете екипи остануваат со по 11 бода и ја делат седмата позиција. Осогово по освоениот бод против моменталниот носител на табелата Беласица фаќа приклучок со заостанување од 3…
И подгответе ги вашите марамчиња додека ја следите анимацијата…
49-годишниот И.С. од делчевското село Ветрен со тешки телесни повреди заврши на лекување во штипската Клиничка болница. Таму се нашол, откако вчера попладне во близина на село Очипала, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. На лице место излегла полицијата и извршила увид на местото на несреќата. Истиот покажал дека причина за незгодата е алкохолот. Тестирањето кај делчевецот покажало дека има 2,28 промили на алкохол во крвта. Извор: СтарТВ Штип
18.XI.2017 kamenica.mk Во претпоследното коло од есенскиот дел на Втората македонска фудбалска лига, ФК Каменица-САСА гостува кај штипска Брегалница. Натпреварот се игра денес, недела 18. Ноември, со почеток од 13:оо часот. Факт е дека Брегалница е фаворит на натпреварот, но кај ФК Саса очајно се потребни бодови за излез од дното на табелата, па така слободно можеме да очекуваме и резултатско изненадување од гостувањето во Штип. ФК Каменица САСА пред почетокот на 13-то коло ја дели седмата позиција на табелата со ФК Победа од Валандово. Денес, тие во Валандово ќе играат против кавадаречки Тиквеш, а последната екипа на табелата, ФК…
Според процените на американската авиокомпанија „Боинг“ во следните 20 години ќе им бидат потребни над 533.000 пилоти, што е доволен поттик за многу млади луѓе да посегнат по овој предизвик. Интересна и атрактивна професија, со многу возбуда и адреналин, со можност за голема заработувачка и секако привилегија да се пропатува целиот свет. „Заинтересираноста за оваа професија расте од година во година. Но, пилоти стануваат само оние што ги исполнуваат сите критериуми, односно поединци што поседуваат интелектуални способности, имаат физички предиспозиции, моторика. Вљубениците во авионите знаат какво е тоа чувство на возбуда и адреналин што ве обзема“, изјави Борче Манев, инструктор…
Најмалку 5о разни видови на пиштоли и револвери биле украдени од продавница за оружје во скопската населба Капиштец, информира МВР. Не се знае точниот период кога била ограбена продавницата. Според полицијата кражбата се случила меѓу 14 часот на 11 ноември и 09 часот на 13 ноември, годинава. Истражните полициски органи утврдиле дека засгеа непознат крадец провалил во продавницата на улицата Васил Ѓоргов во трговскиот центар Капиштец. Полицијата претпоставува дека провалникот со себе носел скали со кои успеал да се искачи до прозорец во продавницата висок околу 6-7 метри. Потоа со алат го скинал катанецот од решетката, која го заштитувала прозорецот,…
17.XI.2017 kamenica.mk Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево во 17.50 часот се случи на магистралниот пат А3 Кочани – Штип, кај село Облешево. Како што дознава МИА, во сообраќајната несреќа учествувале автобус и патничко возило. Големата брзина према условите на патот, поради намалената видливост, како и лошите услови на патот поради обилните врнежи и лизгавиот коловоз се едни од најчестите причини поради кои настануваат ваквите несреќи. Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кочани. Сообраќајот на магистралниот пат А3 Кочани – Штип кај село Облешево се пренасочува.
