Author: Media Point

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,892%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,433% и кај мазутот намалувањето е за 1,756%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е…

ПОВЕЌЕ ...

Општинската организација на Црвен крст – Делчево организира крводарителска акција во Домот на култура во Македонска Каменица Крводарителската акција, ќе се одржи во петок, на 07. Јуни 2024 година, со почеток во 09:30 часот, до 14:00 часот. -Оваа акција е со цел да се помогне на луѓето на кои им е потребна крв, за да останат во живот, бидејќи потребата од крв е универзална, велат од Општинската организација на Црвен крст – Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Средба на Епископот Марко со Митрополитот Серафим од Бугарската православна црква 04.06.2024 На 3 јуни 2024 год., на празникот посветен на Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, придружуван од претставници на свештенството и монаштвото од епархијата оствари средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Неврокопски г. Серафим, во соседна Бугарија. Средбата се одржа во седиштето на Митрополијата кое се наоѓа во градот Гоце Делчев. Оваа посета е прва од ваков карактер помеѓу двете соседни епархии откако е интронизиран Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Двајцата великодостојници најпрво меѓусебно разговараа за историјата на Неврокопската епархија и за новоформираната…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен правец. Попладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до…

ПОВЕЌЕ ...

Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос пред четвртфиналето поради повреда на коленото. Тој денеска беше на лекарски прегледи откако се пожали дека лизгавата подлога на вчерашниот меч придонела за влошување на проблемот со коленото. По две маратонски победи во пет сета, Ѓоковиќ утре требаше да игра со Норвежанецот Каспер Руд, но претходно најави дека не е сигурен дали ќе биде способен за тоа. „Скенирањата покажаа дека Ѓоковиќ има скинат менискус во десното колено“, кажаа организаторите на Ролан Гарос. Ова е само продолжение на проблематичната сезона за Ѓоковиќ, кој нема освоено турнир, ниту има играно финале оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението Надеж – Норе од Македонска Каменица ја спроведе втората обука од проектот „Младите можат“ Македонска Каменица, 30. Мај 2024 година – Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска Каменица, во среда на 29.05.2024 година, ја спроведе втората од предвидените три обуки, со  потенцијалните членови на Локалниот Младински Совет (ЛМС) во Македонска Каменица. Заинтересираноста на младите за учество на обуката се зголеми и 14  млади лица од Македонска Каменица се запознаа со Законот за младинско учество и младински политики, Младинските политики во Република Северна Македонија и Вовед во застапување за реализација на младински политики. Обуката ќе им…

ПОВЕЌЕ ...

Јуниорски Женски Евробаскет, 2-11. август, 2024 година Јуниорската женска селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркарки до 18 години односно на јуниорскиот Евробаскет, Дивизија Б. Одличните игри и постигнатите резултати во младинските лиги за шампионскиот тим на Баскет Кам, ја носат нашата Матеја Владимирова од Македонска Каменица, во составот на репрезентацијата на Македонија за кошаркарки до 18 години. Покрај Валдимирова, од составот на Баскет Кам – Македонска Каменица, учество ќе земат и Благица Илијева и Ана Ѓорѓиевска. Кошаркарките, предводени од селекторот Горан Крстевски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Јана Петрова ќе настапат на континенталниот собир од дивизија…

ПОВЕЌЕ ...

Како што истакнуваат од Општина Македонска Каменица, интензивирани се активностите на терен за чистење и уредување на локалните патишта, одводните атмосферски канали и водоводните линии во приградските и руралните средини и санација на штетите врз нив предизвикани од обилните врнежи во изминатиот период. Преку активностите на екипи од ЈП Камена Река, продолжуваме посветено да работиме во секое населено место. Паралелно вршиме подготвителни активности за изградба и реконструкција на повеќе патни правци во повеќе населени места на целата територија на општината, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски

ПОВЕЌЕ ...

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, за јунската сесија се пријавени 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати…

ПОВЕЌЕ ...

Младински Евробаскет, 13-21. јули, 2024 година Младинската машка селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години односно на младинскиот Евробаскет, Дивизија А. Нашиот млад сограѓанин, 20-годишниот Стефан Гоцевски се најде во поширокиот состав на младинската машка репрезентација на Македонија. Гоцевски годинава бележи успешни настапи за скопски Работнички, а репрезентативно искуство има запишано со младинскиот состав до 15 години. Кошаркарите, предводени од селекторот Боро Смилковски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Миодраг Тодоровиќ, ќе настапат во Гдиња, Полска, во период од 13. до 21. јули. Првиот собир на оваа национална селекција е закажан за 10. Јуни,…

ПОВЕЌЕ ...