Неколку часовен прекин имало синоќа на ГП Делчево од бугарска страна, соопштуваат од Бугарското Министерство за надворешни работи. Прекинот се однесувал за товарни возила, а причината за него биле технички проблеми на граничниот премин.

Од бугарското МНР истакнале дека за излез од Бугарија чекале 25 товарни возила, а за влез три. Поради ова, бугарската погранична полиција ги советувала возачите на товарни возила кои патуваат во правец кон Македонија, наместо кон преминот во Делчево, да се упатат кон граничниот премин Златарево – Ново Село.

Надлежните од ГП Делчево пак, денес за ТВ Стар информираа дека од македонска страна, немало никаков прекин и сообраќајот се одвивал нормално.

