Денес и официјално започнува изборната кампања за локалните избори 2017. Кандидатите за градоначалници на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски (ВМРО ДПМНЕ) и г-ѓа Соња Стаменкова (СДСМ), вчера, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Тие ветија дека ќе водат позитивна кампања, со меѓусебно почитување и согласно насоките предвидени во Кодексот.
Дваесет дена има до денот на изборите кои ќе се оддржат на 15-ти октомври, и на гласачите им преостанува малку време да го донесат конечниот суд на прашањето – Кој ќе ја води општина Македонска Каменица во наредните четири години?
