Двесетина планинари од ПСД „Голак“ од Делчево и планинари од соседна Бугарија за прв пат орагнизирано го искачија врвот на Малешевските Планини, Илијов врв, висок 1803 метри.
- Почетната точка ни беше локалитетот Равна Река кај Пехчево 1100 метри се до крајната цел. Испешачивме 16 км по двата правци за 6 часа со висинска разлика од 700 метри, изјави Љупчо Чучуковски, ПСД „Голак“- Делчево.

Традиционално овој период, делчевските планинари го искачуваат највисокиот врв во Макеоднија, Кораб, но оваа година тие сакаат да ги промовираат Малешевските Планини како иделана дестинација за љубителите на планината.
- Сакавме да го искачиме Илиов врв многу малку е искачуван и е малку познат кај планинарите. Малешевијата е идеална за планинарење и планинарски туризам и со право ја нарекуваат мала Швајцарија, и сакаме што повеќе луѓе да ги посетат Малешевските Планини, кажа Чучуковски.

Планинарскиот марш на Малешевските планови беше организиран по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Македонија.
Извор: СтарТВ Штип

