Традиционално, секоја година во пресрет на 28-ми август-Ден на рударите, Рудник „Саса“ го избира најдобриот работник. Годинава ова признание му припадна на Блаже Коцевски, кој работи на работно место – ракувач со дизел утоварувач во јама. Инаку, работникот Блаже Коцевски е роден 1966 година, живее во Македонска Каменица и има околу триесет години работно искуство во Рудникот.
Покрај признанието за Блаже Коцевски, Рудник „Саса“ додели плакети, благодарници и наградни признанија за повеќе работници чие искуство и труд е од огромно значење за развојот на компанијата и постигнување успешни деловни резултати.

