
Нова сообраќајна незгода и еколошка катастрофа предизвикана од камион-цистерна на “Лукоил”. Овој пат на магистралниот пат Македонска Делчево – Македонска Каменица, во близина на Баткова чешма. Станува збор за движење на возилото со непрописна брзина, при што првин дошло негово до излетување од коловозната лента, на лентата од спротивен правец, а потоа и целосно излетување на камионот покрај самиот пат. Според неофицијални податоци добиени од МВР со самото излетување, дошло и до поголемо оштетување на возилото, при што истекло поголемо количество на товарена нафта од цистерната. Истата по несреќата се влеала во река Брегалница и во водите на Калиманско езеро. Од риболовните друштва известуваат дека е причинета огромна штета врз целокупниот животински и растителен свет во водите на Брегалница, а особено во Калиманско езеро, каде истата подолг временски пероид и ќе се таложи.

Ние во неколку наврати до сега пишувавме за агресивниот начин на возење и непочитувањето на сообраќајните правила и знаци од страна на возачите од штипски “Лукоил”. Исто така секојдневните поплаки и жалби од учесниците во сообраќајот и месното население се во огромен број. Направената штета и еколошката катастрофа се огромни, затоа апелираме и ние, заедно со граѓаните на засегнатите општини, локалните риболовни и еколошки друштва, уште еднаш апелираме за решавање на овој проблем и сузбивање на таквото практикување на учество во сообраќајот на возилата од штипски “Лукоил”.
Екипите на МВР Делчево веќе имаат извршено увид на местото на настанот. Нашата екипа беше спречена да фотографира и известува од лица, најверојатно вработени во “Лукоил” кои го обезбедуваат местото на несреќата. Истите не информираа дека истекување на товарена нафта немало, туку истата е префрлена со помош на пумпи во други камиони-цистерни. Повеќе информации во текот на денот.
