Веднаш по Харвард, на листата се Станфорд, Кемвриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универзитетот во Чикаго. Меѓу првите десет на оваа листа, осум се американски универзитети, а два се британски.
Харвард е водечки универзитет на Шангајската листа. Универзитетот „Џиао Тонг“ ја објави највлијателната листа која ги рангира 500-те најдобри универзитети во светот.
Веднаш по Харвард, на листата се Станфорд, Кемвриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универзитетот во Чикаго. Меѓу првите десет на оваа листа, осум се американски универзитети, а два се британски.
На неа се најдоа и два универзитети од регионот, од Белград и од Љубљана. На листата нема универзитети од Македонија, Хрватска, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.
Клучни критериуми за рангирање на универзитетите се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, цитираност, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале или работат таму.
Листата е неформална, но е престиж да се биде дел од неа, бидејќи опфаќа само два отсто од светските универзитети.


