Голем шумски пожар беснее во атарот на општина Зрновци. Горат огромни површини на нискостеблеста шума со смрека, во месноста Трнавца меѓу Видовиште и Теранци.
Огнеите јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена дабова и букова шума:
- За гасенење на пожарот кој од час во час земна се поголем замав, помош побарав и од републичкиот Центар за управување со кризи,од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Блаже Станков, градоначалник на о. Зрновци.
Бидејќи се работи за непристапен терен гаснењето на пожарот и негово локализирање се одвива мошне бавно.

