
13:05 26 јули 2017 (kamenica.mk)
Од Министерството за здравство информираат дека директорот на клиниката на прес-конференција ќе објасни што се случува.
Заразно заболување е утврдено на Инфективната клиника во Скопје, а во моментов, неофицијалните информации говорат дека клиниката е во карантин откако наводно двајца починале.
Директор на Клиниката, Звонко Миленковиќ, кој е и претседател на Комисијата за заразни болести, во моментов се наоѓа во Министерството за здравство, каде за околу еден час треба на прес-конференција да објасни што точно се случува.

Во јавноста веќе излегоа информации дека на клиниката биле примени неколку пациенти со заразно заболување.

Извор: PlusInfo.Mk
