И покрај одредени шпекулации дека исчезнатиот Ацо Јовановски од село Саса, Македонска Каменица е забележан во Бугарија, kamenica.mk од официјални извори дознава дека исчезнатото лице сеуште не е пронајдено и полициската потрага ќе продолжи. Инаку, Ацо Јовановски е лице со пречки во развојот, а последен пат е забележан во недела (16 јули 2017 година), по што му се губи секаква трага.
