
19. Јули 2017г Македонска Каменица
Според сеуште непотврдени и неофицијални информации жител од село Саса кај Македонска Каменица, се води за исчезнато лице. Станува збор за лицето Ацо Јовановски, кој последен пат е забележан во недела (16. Јули) од кога му се губи секаков траг.
Се молат граѓаните на Македонска Каменица и околните места кои имаат било каква информација поврзана со исчезнувањето на лицето Ацо Јовановски, да ги информираат полициските служби.
Полицијата во содејство со ТППЕ од Македонска Каменица и Ловното друштво МКаменица САСА се на терен и спроведуваат акција за пронаоѓање на лицето.
Ова се неофицијални информации за настанот, додека со детални и официјални информации ќе ве известиме, веднаш штом ќе ги добиеме во текот на денот.
www.kamenica.mk

