Јавното претпријатие „Камена Река“ набави нови моторни косилки за оддржување на градското зеленило во Македонска Каменица. Една од косилките Mc CULLOCH со задно исфрлање на тревата и со голема корпа за собирање на искосената трева која ќе биде наменета за поголеми тревни површини, а две се рачни косилки Villager VRS 56 P за косење на помалите тревни порвшини. Вкупната вредност за набавка на нвите косилки е околу 230.000 денари, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.

