Вашата апликација е успешна. Ова е пораката што ја очекуваа над 100.000 фудбалски фанови од Македонија но и од цела Европа. Само 23.000 од нив имаа среќа. Тие своите карти ќе ги добијат по пошта на адресата која ја навеле во апликацијата, а УЕФА веќе им ги наплати од кредитните картички.

Според објавениот правилник на европската куќа на фудбалот, на скопската арена ќе можат да влезат само оние чие што име е наведено во апликацијата. На вратите од арената ќе треба да покажат документ за идентификација.
Доколку сте купиле карта, а не можете да го гледате натпреварот, вашиот билет нема да можете да го предадете на друго лице.
Освен категоризацијата на билетите фудбалските фанови на овој натпревар немаа можност да бираат во кој ред ќе седат и на кое столче. Но тоа не е проблем за вистинските љубители на фудбалот, за секое од овие над 30.000 столчиња на 8 август да биде зафатено.

Во меѓувреме и Скопје се подготвува да ги пречека фудбалските фанови од Македонија но и од цела Европа. Дел од нив се пожалија дека одредени скопски сместувачки капацитети им ги откажале резервациите барајќи од нив да платат повисока сума. Слободно место веќе речи си и да нема, па дела од фановите кои доаѓаат надвор од Македонија алтернатива бараат во Софија, Белград и Солун.
Во таква ситуација фан клубовите на Манчестер и на Реал во Скопје им нудат бесплатно сместување на своите колеги од Англија и Шпанија.
