Претпладнево времето во Македонија помина сончево со мала до умерена облачност. УМХР пак за попладневно најави нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно на југот и истокот од земјава, а процесите е можно да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.

Што се однесува до температурата, максимумот ќе стиге од 23 Целзиусови степени на крајниот запад на земјава, преку 28 во Охридско-струшкиот Регион, за каде исто така е прогнозирано невреме, до 33 степени во Демир Капија.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2).
Локални врнежи од дожд се уште ќе има и в понеделник претпладне. Утре и в понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде утре, кога максималната температура на повеќето места ќе биде малку над 20 степени, прогнозира УХМР.

