
Деновиве Струмица беше домаќин на тридневниот „Арсенал камп“ на кој учествуваа талентирани млади фудбалери од Македонија, Бугарија, Србија и Косово.
Имињата на нашите млади фудбалски надежи се најдоа на списокот на таленти кои беа дел од фудбалското доживување кое нуди пред се дружење, надигрување со врсниците, а секако и искуство и шанса за докажување и успех во меѓународни рамки.
Скаутот на клубот од Лондон, Лакис Папајоану со внимание го следеше годинешното издание на кампот, а дел од неговиот интерес беа и имињата на младите надежи од Македонска Каменица
1. Мики Георѓиевски
2. Мартин Пауновски
3. Леонид Стоиловски
4. Матеј Стоименовски
5. Климент Трајков
6. Кристијан Трајчевски
За Струмица одржувањето на кампот трета година по ред е голема чест, а нашата младинска фудбалска гордост беше предводена од нивниот тренер и ментор и во рамките на матичниот клуб “Каменица – САСА” – Стојче Милошевски.
Тој и пред заминувањето во Струмица им посакаа на младите момчиња од овој летен камп да се вратат побогати со нови искуства и пријателства. Да го осетат тој европски спортски дух околу себе и им посака во иднина да бидат дел од него. Како пример го посочи успехот на младиот струмичанец Дени Илиев кој веќе е член на Арсенал и пример за сите останати млади фудбалери дека понекогаш сништата се остваруваат.






