Јагнешкото е само за богатите. За обичниот народ – тоа е недостижно. Пред Велигден, еден од неговите симболи, се продава по цена од 330 денари за килограм:
- Скапо е, ако се спореди со платите и пензиите кои се многу мали, тогаш е ептен скапо, велат анкетирани граѓани.
Овие цени за повеќето граѓани се недостижни, па прашање е колку јагнешко годинава месарниците ќе продадат, односно колкумина него ќе можат да го купат:
Никој нема да може да купи. Секаде за празник цените се намалуваат, само кај нас се качуваат, срамота, вели жителка на Штип.
Годинава, екстремно високите цени на јагнешкото за народот се изненадување, зашто откупот на јагнешкото потфрли и за Божик и за Велигден, а јагнињата на сточарите им се откупуваат по срамно ниски цени од 100-120 денари за килограм:
- Тоа се понижувачки цени и нереално ниски, не можеме да ги покриеме ни основните трошоци. Се што е под 150 , па и 200 денари за килограм е неисплатливо, смета Илија Мушев, сточар од Штипско.
Како што тргнало, мустакот за Велигден ќе го омрсат малкумина. Повеќето, ќе останат гладни и подзинати.
Извор: ТелевизијаСтар – Штип

