ЈАВЕН ПОВИК ОД ОПШТИНА ВИНИЦА ЗА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА
Општина Виница започна со подготовка на Буџетот за 2027 година.
Од таму упатуваат јавен повик до сите здруженија на граѓани, спортски клубови, невладини организации и заинтересирани физички лица, да достават програми за работа со финансиска конструкција за планираните активности.
Програмите треба да се достават најдоцна до 13-ти ноември 2026 година во архивата на Општина Виница.
Како што велат од Општината, целта на повикот е да се овозможи навремено, транспарентно и правично планирање и распределба на буџетските средства за поддршка на активности од интерес на граѓаните и општината.

