Ноќеска ќе спиеме подолго, но денот ќе ни изгледа многу пократок уште вечерва, бидејќи ќе почне порано да се стемнува, нешто по 16:30 часот.
Ноќта помеѓу 24 и 25 октомври започнува зимското сметање на времето, а стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад.
Зимското сметање почнува во 3 часот наутро, кога стрелките ќе се поместат на 2 часот.
Со ова, во недела, 25 октомври, денот ќе трае 25 часа.
Но промената ќе се почувствува уште истиот ден во текот на попладневните и вечерните часови, кога ќе почне да се стемнува порано, бидејќи сонцето ќе зајде околу еден час порано отколку претходниот ден.
На 24 октомври сонцето ќе зајде околу 17:38 часот, додека на 25 октомври, сонцето ќе зајде околу 16:37 часот.


