Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, оствари средба со делегација од италијанската Општина Неиве.
Во рамки на посетата, заедно со градоначалникот на Неиве, Паоло Пичинели, заменик-градоначалничката Луиза Бофа, советничката Силвана Трајановска и Протопрезвитер-ставрофор Михајло Матевски, беше посетен Музејот „Теракота“ во Виница.
При посетата, на гостите им беше претставено богатото културно и археолошко наследство на општината.
2
Градоначалникот Костадиновски истакна дека ваквите средби претставуваат одлична можност за градење нови пријателства, размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу двете општини, со надеж за нови средби и продолжување на пријателството.њ
