ЖФК Каменица САСА го победи ЖФК Скопје 2014 за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија
Македонска Каменица – Екипата на ЖФК Каменица САСА оствари победа од 3:2 против ЖФК Скопје 2014 во рамки на Купот на Македонија.
Натпреварот се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица, каде домашниот тим по двата погодоци на Јована Петрушевска, замина со позитива од 2:0 на полувреме.
Во второто полувреме гостинската екипа успеа да израмни на 2:2. Конечниот резултат го постави Ана Димитровска во самата завршницата од натпреварот за конечни 3:2 во корист на каменичанки.

