Утре, 22.09.2026 година, со почеток од 11 часот, Советот на Општина Виница ќе ја одржи 12-та редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
Дневен ред
1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Виница за 2026 година;
2. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Виница за 2026 година;
3. Предлог-Одлука за преотстапување на ствари на ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница;
4. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на градежна парцела ГП 1.5 и Г.П 1.8, со намена А1-Домување во станбени куќи од Детален урбанистчки план за град Виница, за Блок 11, дел 1 (Одлука бр.07-423 од 16.06.2011 година) Општина Виница;
5. Годишен извештај за работата на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за учебната 2025/2026 година;
6. Годишна Програма за работа на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за учебната 2026/2027 година;
7. Извештај од извршена Самоевалуација на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за периодот 2024-2026 година;
8. Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2027 година на ЈП за комунални работи „Солидарност“-Виница;
9. Информација за склучени бракови за 2025 година на територијата на општина Виница;
10. Барање на финансиски средства за котизација за Фестивалот за детски песни Распеани срца, за Евгенија Илиева од Виница;
11. Барање од Цвета Алексова од Виница на финансиска помош, за лекување;
12. Барање од Билјана Темелкова од Виница на финансиска помош, за лекување;
13. Барање од Анифе Ридарова од Виница на финансиска помош, за лекување;
14. Барање од Пакизе Мехмедова од Виница на финансиска помош, за лекување на дете;
15. Барање од Заедница на станари на зграда бр.7/1, ул.„Страшо Пинџур“-Виница, за ставање на хидрантите во функција;
16. Барање од Заедница на станари на зграда бр.7/1, ул.„Страшо Пинџур“-Виница, за ослободување од плаќање надомест за улично осветлување (степеници);
17. Барање од Иницијативен одбор од с.Истибања за одобрување на финансиски средства, за организирање на Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Владо Илиев;
18. Извештај за здравствена безбедност на водата за пиење во с.Лаки, с.Калиманци, с.Драгобраште, с.Пекљани, с.Трстија, с.Трсино, с.Крушево (Известување за неисправна анализа на водата во с.Трстија, с.Трсино, с.Крушево);
19. Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Јоцо Стојанов од с.Блатец, Виница;
20. Предлог-Решение за именување в.д.членови на Надзорен одбор на ЈП за комунални работи „Солидарност“ – Виница;
21. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за исплата на ваучери на ученици кои во изминатата учебна година имаат освоено прва, втора и трета награда на државни натпревари;
22. Советнички прашања;
Дополнување на дневен ред
1. Решение за свикување на 12-та редовна седница на Советот на Општина Виница;
2. Записник од одржана 11-та редовна седница на Советот на Општина Виница;

