Делчево, 21. Јули 2026 година – Дваесет и шестгодишен жител на беровското село Митрашинци е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил под силно дејство на алкохол.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 20 јули во 15:05 часот, при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници запреле патнички автомобил „ровер“ со беровски регистарски ознаки.
При контролата било утврдено дека возачот А.Т. (26) управувал возилото со 4,35 промили алкохол во крвта.

