Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен.
Според информациите, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него. Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата на државата.
Лазаров беше приведен поради сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, но успеа да избега од полициската станица во Кочани преку прозорец.

