Каменичка парохија со најава за Богослужба на Петровден во Македонска Каменица каде ќе чиноначалствува епископ Марко
Македонска Каменица, 11 јули 2026 г. — Каменичката парохија ги поканува верниците на свечени богослужби по повод празникот на Светите апостоли Петар и Павле.
По Божја милост, утре, во недела на 12 јули, во Петтата недела по Педесетница, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ќе бидат отслужени Воскресна Утрена со почеток во 07:00 часот и Света Божествена Литургија со почеток во 08:20 часот.
Со светите богослужби ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, заедно со свештенството.
По завршувањето на Петровденскиот пост, Црквата ги повикува верните достојно да Му заблагодарат на Бога, пристапувајќи кон Светата Евхаристија со очистена совест, искрено покајание и жива вера.
Од Каменичката парохија потсетуваат дека неделата е ден на Христовото Воскресение, кога целата Црква се собира околу Светиот Престол и верните стануваат едно Тело Христово. „Ниту една домашна молитва не може да ја замени Светата Литургија, затоа што токму на Литургијата Христос нè повикува на Својата трпеза“, се вели во соопштението.
„Ги покануваме сите наши парохијани, како и сите добронамерни верници и граѓани, да земат молитвено учество во богослужбите и заедно да го прославиме празникот на светите апостоли Петар и Павле“, порачуваат од парохијата.
„Каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас меѓу нив.“ (Матеј 18,20)

