ТППЕ Делчево со нова противпожарна опрема од Дирекцијата за заштита и спасување
Делчево, 9 јули 2026 – Територијалната противпожарна единица во Делчево денеска ја презентираше новата противпожарна опрема, обезбедена преку соработка со Дирекцијата за заштита и спасување.
„Како локална самоуправа, остануваме целосно посветени на зајакнување на капацитетите на нашата ТППЕ, со цел таа секогаш да биде подготвена да одговори на предизвиците и да ги заштити граѓаните и нивниот имот“, изјави градоначалникот Иван Гоцевски.
Тој упати апел до граѓаните да не палат оган на отворен простор и одговорно да се однесуваат во природа: „Се надевам дека оваа опрема ќе служи како гаранција за поголема безбедност, а не дека ќе има потреба да биде употребена“.
Ова е втора донација од Дирекцијата за Делчево – пред неколку месеци беше обезбедено и амбулантно возило за Здравствениот дом „Гоце Делчев“.

