Превентивни здравствени прегледи на населението во Кочани
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани денеска кај Градскиот пазар во Кочани спроведе превентивни здравствени прегледи наменети за населението.
На заинтересираните граѓани им беше измерено крвен притисок и шеќер во крвта при што им беа дадени совети за регулација на истите. Притоа, беа поделени и едукативни флаери за заштита од топлотен бран.
Прегледите ги спроведоа волонтери, студенти на медицина и медицинско лице.
Вкупно беа прегледани 180 лица.

